ОКОЛУ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Тргнување веднаш по појадокот.

Тргнување према Албанија и пристигнување на граничниот премин Св.Наум. Се упатуваме према Поградец. Патот води низ пограничното село Тушемиште каде живее македонска и албанска популација. Се прави кратка пауза во Тушемиште за разгледување на изворите  Дрилон, кои се едни од главните извори што го напојуваат Охридското Езеро, слични на изворите на Црн Дрим кај Св. Наум.

Пристигнување во градот Поградец, единствениот град во Албанија што се наоѓа на брегот на Охридското Езеро. Поради исклучително пријатната клима овој град бил едно од омилените места на Енвер Хоџа. Ова е место со доста долго минато. Поради тоа што во Албанија се уште не е забранет ловот на пастрмка, ова е можност да се вкуси  добро познатата Охридска пастрмка за време на паузата за ручек.

По паузата се упатуваме према полуостровот Лин, оддалечен 20 километри од Поградец, каде ќе се посети ранохристијанската базилика која се наоѓа на врвот на полуостровот и од каде има неверојатен поглед према Охрид.

Се упатуваме према граничниот премин Ќафасан кај Струга.

По завршување на  програмата, враќање во хотелот.

Ohrid Ohrid Ohrid Ohrid

Find Us on

facebook twitter rss

ribbon
WRONG_WOEID WRONG_WOEID
top